Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Писмо на Патријархот до Православните Цркви во врска со Епархиите на Вселенската Патријаршија во Северна Грција и островите во Егејското Море од 9 мај 2004 (15.05.2004)

 

 

Вековното канонско предание на Православната Црква, објавено преку одлуките на Вселенските и Помесните Собори, и проверувано од секогаш доследната црковна практика, претставува непоколеблив критериум на здрави, благородни и достоинствени односи помеѓу локалните Православни Цркви во нивните меѓусебни односи, како заедници во верата и врски на љубовта. Затоа, секое отстапување од светото канонско предание секогаш предизвикувало помали или поголеми аномалии не само во хармоничното дејствување во нивните взаемни односи туку и во самото единство на Црквата воопшто, зашто и главните и споредните критериуми на нејзиниот внатрешен поредок посредно или непосредно се однесуваат на самиот карактер или на остварувањето на духовната мисија на Црквата во светот. Ова го потврдуваат одеците на историското искуство и практичната примена на Светите Канони.

 

 

 

Во тој дух, Вселенската Патријаршија, грижејќи се да ја спроведува својата должност за зачувување на православниот канонски поредок, отсекогаш, дома и во странство, ги истакнува основните принципи за ова прашање, со цел да бидат проверувани сите евентуални девијации или конфузии кои можат штетно да се одразат врз единството на Црквата. Така, штетната конфузија канонскиот критериум за стриктната територијална разграниченост на Вселенската јурисдикција и секуларизираните идеологии што се доставувани од страна на етноцентричните Цркви, кои, од поскоро време, се внесени во Православната Црква од надвор, нанесувајќи тажен удар врз хармонизираното функционирање на Црквата во меѓуправославните односи кое е согласно на каноните, Големиот Собор во Константинопол во 1872 година ја осуди и ја прогласи за погубно еклисиолошко застранување и прекршок. Оваа одлука претставува автентична интерпретација на принципите на православното канонско предание како во поглед на организационата структура така и во поглед на меѓусебните односи на локалните Цркви и затоа дијалектиката помеѓу законитоста што ја определува уставот на државата и послушанието кон светите канони што ги почитува Црквата, стана горливо прашање,честопати со болни последици врз животот на локалните Православни Цркви.

 

(...)

 

Така, Мајката Црква, откако ги исцрпи сите средства за постигнување мир и зачувување на канонскиот поредок, не можеше повеќе да остане спокојна пред одбивањето на Неговото Блаженство Архиепископот Атински да ја спроведе спогодбата којашто на крајот на краиштата е заеднички донесена, и за таа цел одлучи да го свика Големиот Свет Синод во неговиот проширен состав во врска со кризата којашто сѐ повеќе растеше, со цел да бидат применети мерките предвидени со Светите Канони. Постигнатите одлуки претставуваат ултимативен повик за подведување на Неговото Блаженство Архиепископот на Атина, кон услови на мирољубиво решавање на проблемот којшто самиот го предизвика, а којшто Мајката Црква го прифати во духот на проштевањето и во согласност со повикот што ни го упатија Нивните Блаженства, Патријархот на Александрија и Патријархот на Ерусалим, за она што е болно да не загине сосема, а кои гласат вака:

 

А) Бараме неодамнешните избори и преместувања да се сметаат за невалидни, со оглед дека се извршени со кршење на конкретните услови на Одлуката од 4 септември 1928, преку дејства што ги поминуваат соодветните граници и навлегуваат во туѓа јурисдикција, и сходно на тоа неканонски, а светите епархии на Солун, Елефтеруполис и Сервија и Козани да се сметаат за сѐ уште слободни

 

Б) Со неискажлива тага и болка одлучуваме да ја прекинеме заедницата со Неговата Блаженост, Архиепископот Атински, Христодул, неговото име е исфрлено од Диптисите на Големата Света Црква Христова, и го прогласуваме непогоден да заедничари со нас, или со свештениците и монасите што ѝ припаѓаат на нашата Црква, почесно или под нејзина управа

 

В) Ги повикуваме оние што беа „избрани“ на овој начин да  не ги примат нивните области: во спротивно ќе ја прекинеме и заедницата со нив

 

Г) Од сесрце ја преколнуваме Чесната Грчка Држава да не го помага отстапувањето од канонскиот поредок со донесување на односни претседателски укази признавајќи ги избраните како легитимни Митрополити на Свети Митрополии, за кои беа избрани неканонски

 

Д) Како Мајка Црква изразуваме најголемо незадоволство и тага заради оние Епископи на Вселенската Патријаршија, за среќа нивниот број е само неколкумина, кои ги помогнаа „поставувањата“ на оние што беа избрани; и

 

Ѓ) Објавуваме дека во случај оваа канонска аномалија да продолжи, Вселенската Патријаршија ќе биде принудена да ја укине патријаршиската и синодска Одлука од 1928 година.

 

Ваше Блаженство,

 

Во овој дух, и чувајќи го канонскиот поредок кој секогаш владее во Православната Црква, според нашата должност, за Ваше директно предупредување, Ве известуваме за курсот на дејствување што го покажува целиот текст на одлуката, и се надеваме дека ќе го делите истото стојалиште во поглед на валидонста и значењето на Светите Канони во однос на севкупното функционирање на взаемните односи помеѓу локалните Православни Цркви, за со помошта на сите, нескршливото единство на Православната Црква и нејзиното веродостојно сведоштво во современиот свет да може да се пројави во полнота.

 

Ваш брат во Христа

+ Вартоломеј од Константинопол

 

писмото во целост е објавено на официјалниот сајт на Царгиградската Патријаршија:

http://www.ec-patr.gr/docdisplay.php?id=15&cat=apofasis