Vesti i nastani
 
 
 
 
 

160-годишен јубилеј од осветувањето на храмот во с. Немањици (03.11.2008)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по повод 160 годишниот Јубилеј од осветувањето на храмот “Успение на Пресвета Богородица” во с. Немањици, благоволи, на 02. 11. 2008 година, Недела 20 по Педесетница, да изврши преосветување на истоимениот возобновен храм и отслужи света литургија; - село кое единствено е препознатливо во Р. Македонија по својот непокор и отпор што го има дадено во спроведувањето на комунистичкиот режим во периодот на колективизацијата по Втората светска војна, бранејќи ја својата лична и црковна слобода. 

На Светата Литургија, покрај придружбата на Митрополитот г. Иларион, сослужуваа 6 свештенослужители кои имаат потекло од с. Немањици.

По Светата Литургија, за сите присутни беше подготвена скромна заедничка братска трпеза на љубовта.

 

            

 

           

 

           

 

           

 

            

 

            

Известува: ѓакон Саше Ристов