Литургија во параклисот на Покров на Пресвета Богородица во Злетово (15.10.2008)

На 14. 10. 2008 година, на годишнината од осветувањето на параклисот “Покров на Пресвета Богородица”, кој се наоѓа во комплексот на манастирот “Свети Спиридон” – метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион благоволи да принесе благодарна жртва, во сослужение на игуменот на манастирот и свештенослужители од Брегалничката епархија.
По Светата Литургија, Митрополитот Иларион во придружба на игуменот и другите свештенослужители го разгледа новоизградениот конак при манастирот “Свети Спиридон”, кој во блиска иднина треба да биде осветен, а исто така го посети параклисот во изградба, посветен на Пресвета Богородица и даде потребни напатствија за натамошниот тек на градежните работи.





Известува: ѓакон Саше Ристов