Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во храмот на Света Троица во Радовиш (14.10.2008)

На 12. 10. 2008 година, Недела 17 по Педесетница; преп. Киријак Отшелник; св. Теофан Милостив, и по повод пед години од осветувањето на храмот “Св. Троица” во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во истиот храм. На Светата Архиерејска Литургија сослужуваа свештенослужители – матуранти од втората генерација од Возобновувањето на Автокефалноста на Македонската Православна Црква, која генерација го одбележи 35 годшниот Јубилеј од матурирањето во МПБогословија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион, ерејот Марјан Јанковиќ архиерејски намесник на Радовишкото архиерејко намесништво, го произведе во протоерејски чин.

На Светата Лирургија присуствуваа голем број верници какао и ктиторот г. Ристо Гуштеров, кон кои Митрополитот г. Иларион се обрати со пригодна беседа. По Светата Литургија Митополитот г. Иларион оствари средба со ктиторот и одборниците при храмот  и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков за што разговараа за функциорањето и напредокот на храмот.

 

                 

 

                

 

                  

 

                   

 

  

Известува: ѓакон Саше Ристов