Молебен за студентите на Меѓународниот славјански институт во Свети Николе (10.10.2008)

На 10. 10. 2008 година, Неговото Вископреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во “Меѓународниот Славјански Институт” во Свети Николе отслужи молебен по повод новата учебна академска година, при што одржа пригодно слово.
При оваа прилика Митрополитот г. Иларион имаше краток работен разговор со Ректорот на Свети Кирило Методиевиот Универзитет - г. Ким Алексеевич и Деканот на Славјанскиот институт во Свети Николе г. Јордан Ѓорчев.


Известува: ѓакон Саше Ристов