Крстовден во Радовиш (27.09.2008)

На ден 27. 09. 2008 година, на празникот на Воздвижението на светиот Крст, Неговото Високореосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Радовишкото и Штипското архиерејско намесништво, отсужи Света Архиерејска Литургија во храмот на светиот пророк Илија во Радовиш.
На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа кон присутните верници за силата и дејството на Животворниот Крст, како наше силно оружје против секакво зло и, исто така, ги повика родителите нивните деца ја изучуваат веронауката во училиштата, бидејќи е најпотребна во оваа време за охристовување и зачувување на младината преку веронауката.






Известува: ѓакон Саше Ристов