Преосветување на манастирот на света маченичка Недела (12.09.2008)

На 11. 09. 2008 година, на празникот на Отсекувањето на глвата на св. Јован Крстител, се изврши чинот преосветување на возобновениот манастир во с. Ранченци, посветен на Света мч-ца Недела. Чинот на преосветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штипското архиерејско намесништво.
Овој манастир е изграден во 1930 година, а сега беше извршено целосно внатрешно и надворешно реновирање.
По преосветувањето беше отслужена Света Литургија, по која Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, при што им се заблагодари на сите кои помогнаа при реновирањето на овој свет манастир.






Известува: ѓакон Саше Ристов