Архиерејска Литургија во Штип (09.09.2008)

На 09. 09. 2008 година, на денот на преподобен Пимен Велики и светиот маченик Фануриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во соборниот храм на свети Николај во Штип отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво. На Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодно слово и се помоли за успех на учениците, бидејќи во градот Штип, на празникот на Свети Фануриј, храмот најмногу е посетен од учениците заедно со своите родители. Соборниот храм на свети Николај во Штип беше претесен за да ги собере своите најмали и најмили верници.




Известува: ѓакон Саше Ристов