Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Пуштен e во употреба лифтот на Милениумскиот крст на Водно (09.09.2008)

Република Македонија вчера ја одбележа 17-годишнината од прогласувањето на независноста. Во земјата се одржаа повеќе манифестации, а на Милениумскиот крст на Водно свечено беше пуштен во употреба лифтот, што ќе им овозможи на посетителите на објектот панорамски поглед на Скопје и околината. Архиепископот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, нагласи дека Милениумскиот крст е симбол на нашето православно опстојување.

- Милениумскиот крст е симбол што не' насочува да одиме напред кон сите позитивни човечки доблести. Крстот исправен на Водно, секојдневно, деноноќно не' повикува, не' опоменува, ни покажува кои сме, која е нашата вера, што е основата на нашата вера, а тоа е крстот Господов - истакна поглаварот г.г. Стефан по кратката богослужба. Лифтот на Милениумскиот крст ќе може да пренесува до осум лица на висина од 45 метри.

 

Извор: весник „Дневник“