Архиерејска Литургија во Пробиштип на Успение на Пресвета Богородица (29.08.2008)

На 28. 08. 2008 година, Успение на Пресвета Богородица – ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од штипското Архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип.
На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно празнично слово и потоа направи мал водосвет и го благослови и прекрши празничниот леб.
По Светата Литургија Митрополитот г. Иларион имаше работен состанок со Министерот за финансии при Владата на Р. Македонија – г. Трајко Славевски, кој беше присутен на Светата Литургија, и по заедничката трпеза на љубовта, го посетија манастирот “Свети Гаврил Лесновски” во Лесново, метохот на Лесновскиот манастир “Свети Спиридон”, новиот метох во изградба посветен на Света Богородица – Источен петок Балаклија и браната во изградба при Хидро системот “Злетовица”.







Известува: ѓакон Саше Ристов