Вечерна богослужба на Успението на Пресвета Богородица во Ново Село – Штип (29.08.2008)

На ден 27. 08. 2008 година, во предвечерието на празникот на Успението на Пресветата Славна Владичица наша и Приснодева Марија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Штип, благоволи да отслужи вечерна богослужба во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Ново Село – Штип, на која направи литија околу храмот со плаштаницата на Успението на Пресвета Богородица, и го благослови и прекрши петолебието. На крајот од богослужбата Митрополитот г. Иларион пред многубројниот присутен народ одржа беседа за Успението на Мајката Божја и на присутните им испрати мир и благослов од Бога.




