Свети Спасо Радовишки прогласен за патрон и заштитник на Радовиш (23.08.2008)


На 21. 08. 2008 година, на празникот на свети Спасо Радовишки, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештенослужители од Радовишкото и Штипското архиерејско намесништво, благоволи да отслужи света архиерејска литургија во храмот “Света Троица” во Радовиш.
По светата литургија, Митрополитот г. Иларион изврши молебен по повод почетокот на новата учебна година, по што присуствуваше на свечената академија во храмот “Света Троица”, и по предлог на верниците, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во име на Православниот народ и Македонската Православна Црква – Брегалничката епархија, го прогласи свети Спасо Радовишки за заштитник и патрон на Радовиш, при што во оваа прилика присутни беа Ктиторот на храмот “Св. Троица” во Радовиш г. Ристо Гуштеров, Градоначалникот на Општина Радовиш, Преседателот на Советот на Општина Радовиш, Пратеникот во Собранието на РМ од Општина Радовиш и други раководни личности, кои предлогот со задоволство го прифатија и побараа и добија благослов од Митрополитот г. Иларион, и тие, како Општина, во најскоро време да донесат одлука и го прогласт Свети Спасо Радовишки за заштитники и патрон на градот Радовиш.






Известува: ѓакон Саше Ристов