Штип (19.08.2008)

На ден 19. 08. 2008 година, кога Светата Православна Црква го прославува Преображението на Господ Исус Христос, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во Соборниот храмот на свети Никола во Штип. На Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион пред многубројниот народ произнесе пригодна беседа за постот и Светата тајна Причест и Христовото Преображение како утеха и надеж за вечен живот, по што го благослови новиот лозов плод. На Литургијата над илјада верници пристапија кон Светата Тајна Причест.




Известува: ѓакон Саше Ристов