Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Илинден во Радовиш (02.08.2008)

На ден 02. 08. 2008 година на црковно-националниот празник на светиот пророк Илија – Илинден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион служеше и принесе благодарствена жртва во храмот на светиот пророк Илија во Радовиш. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го произведе чтецот Илија Поп Гонов, дипломиран теолог од Радовиш, во ипоѓаконски и ракоположи во ѓаконски чин. По Светата Литургија, пред многубројниот народ, Митрополитот г. Иларион ја произнесе празничната посланица од САС на МПЦ, и изврши помен на паднатите борци кои ги положија своите животи во одбрана на татковината наша Р. Македонија. По ова, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, изврши Светата тајна крштение на чедото Божјо Никодим Поп Гонов од Радовиш.

 

 

 

Известува: ѓакон Саше Ристов