Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Позициите на Грчката Црква (08.05.2004)

 

1. Со намера да ублажи каква и да е вознемиреност на Патријаршијата, Грчката Црква официјално изјави дека таа не бара промена на црковниот режим за „новите земји“ (Егејска Македонија и Тракија) (дека ја почитува Одлуката од 1928 на Патријаршијата и на Грчкиот Синод како што ја применува, имено со дополнителните амандмани и согласно законските процедури). Напротив, Грчката Црква бара режимот којшто е во сила веќе 75 години да остане и да се почитува во истата форма во којашто беше досега.

 

 

2. Грчката Црква е обврзана да ги запазува законите на Грчката држава и особено Законската повелба (Законот бр. 590/77). Секое отстапување од неа значи кршење на законот, и води до поништување на истата после обвинителни постапки на Врховниот Управен Суд.

 

 

3. Грчката Црква направи отстапка кон Патријаршијата, но без да го прекрши законот. Така, покрај одлуката што беше назначена под (В) 1 горе, таа изјави дека ги почитува и ги спроведува Одлуката од 1928, како и нејзините подоцни дополненија, и исто така прифати името на Патријархот да биде спомнувано на Божествената Литургија од митрополитите во „новите земји“, не како што укажува Законската повелба (член 28) туку како што инсистираше Патријархот. Конечно, таа прифати Листата на кандидатите да му биде доставена на Патријархот, за тој да може полесно да ги предложи имињата на кандидатите што би биле вклучени во неа.

 

 

4. Грчката Црква не се согласува да ги прекрши спогодбите склучени уште во 1929 година и ги почитуваше до денес. Согласно со нив, Патријархот не смее:

а. самиот да внесува во листата кого тој ќе посака без посредувањето на Светиот Архиерејски Синод на Грчката Црква,

б. да одобрува преместувања од една митрополија во друга.

 

 

5. Евентуалното прифаќање на овие нови барања на Патријархот нема да значи само кршење на законот или нарушување на спогодбите, туку суштински ќе ја поткопа автокефалноста на Грчката Црква. Грчката Црква беше и сѐ уште е со Патријархот, отстапувајќи денес околу 150 од своите клирици за располагање на исто толкав број парохиски свештеници во Грчката Дијаспора и систематски поддржувајќи го секој канонски предлог на Патријаршијата. Но ова не значи дека Грчката Црква ќе се лиши од самоуправувањето што ѝ го обезбедува нејзината автокефалност.

 

 

6. Грчката влада ќе ја штити силата на законот во државата.

 

 

7. Грчката Црква презеде секаков напор и стори сѐ што е во нејзина моќ да го реши прашањето со взаемна согласност. Патријаршијата се враќа на нејзините првични позиции, и покрај спогодбата врз основа на текст прифатен од двете страни. Ете како сме доведени до мртва точка.

 

 

Преземено од официјалниот сајт на Грчката Православна Црква:

http://www.ecclesia.gr/greek/news/n_xores/theseis.html