Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во манастирот на свети Спиридон Чудотворец – Метох на Лесновскиот манастир (22.07.2008)

На 21. 07. 2008 година на денот на свети Прокопиј и преподобен Теофил Мироточив, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Игуменот отец Дамаскин и браќата при Лесновската обител, отслужи Света Архиерејска Литургија. Во пригодното слово Митрополито г. Иларион им се заблагодори на сите кои го помогнаа ова свето дело и точно пред една година на овој ден се освети овој свет манастир и постана дом за молитва за целиот православен народ. Митрополитот, во продолжение на својата беседа, на верниците им го објасни и животот и делото на светиот Прокопиј и преподобниот Теофил Мироточив – Македонец. По Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го благослови и прекрши празничниот леб и со своите верни чеда се упатија на трпеза на љубовта, приредена од сестринството при манастирот.

 

              

 

                                  

 

               

 

              

 

             

Известува: ѓакон Саше Ристов