Павловден во Виница (13.07.2008)

На 13. 07. 2007 година “Собор на 12 Апостоли” – Павловден, патрон на градот Виница, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот “Св. Архангел Михаил” во Виница отслужи Света Литургија и произнесе пригодна беседа, честитајќи им го патронот на Виничани.
По светата литургија, во конаците на манастирот “Света Богородица” - Делчево (во изградба), Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и прекрши празничниот леб на бранителите во конфликтот од 2001 година.




Известува: ѓакон Саше Ристов