Одбележан патрониот празник на Кочани (12.07.2008)

На 12. 07. 2008 година кога Православната Црква и градот Кочани го прославува празникот на светите апостоли Петар и Павле – Петровден во црквата на свети великомаченик Георгиј во Кочани, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Литургија.
На светата литургија на свечен начин беше испратен во мирување протоерејот Владимир Димитров, при што Митрополитот г. Иларион му посака останатиот дел од животот да го помине достоинствено во мир и покајание.



Известува: ѓакон Саше Ристов