На празникот на преподобен Наум Охридски Чудотворец во с. Чифлик – Кочани (04.07.2008)

На 03. 07. 2008 година, кога Македонската Православна Црква го празнува Преподобниот Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион со повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија отслужи Света Архиерејска Литургија во црквата посветена на Преподобниот Наум Охридски - Чудотворец во с. Чифлик, која беше осветена пред неполни два месеци. На Светата Архиерејска Литургија, Митрополитот г. Иларион, го произвде во чин протоереј парохискиот свештеник Васо Николовски, кој даде голем придонес за изградбата, како на оваа, така и на други цркви во својата парохија.
По Светата Литургија и произнесеното пригодно празнично слово, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече славскиот колач и присутниот народ, заедно со свештенството и духовниот татко Митрополитот Брегалнички г. Иларион, пристапија кон трпезата на љубовта подготвена од Црковното настојателство, за целот присутен верен народ.





Известува: ѓакон Саше Ристов