Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветен новоизградениот храм во Прибачево – кочанско (09.06.2008)

На 08. 06. 2008 година, во неделата посветена на Светите Отци од Првиот Вселенски собор, се изврши чинот осветување на новоизградениот храм во с. Прибачево, посветен на светите апостоли Петар и Павле. Чинот на осветувањето го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Кочанското архиерејско намесништво, а во присуство на многуилјаден народ. По осветувањето беше отслужена Света Литургија, по која Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, при што се заблагодари на сите кои се вградија во изградбата на овој свет храм. На крајот, во кругот на црквата, за сите присутни беше организирана заедничка трпеза на љубовта.

 

         

 

          

 

         

 

         

 

         

 

          

Известува: ѓакон Саше Ристов