Источен Петок – Балаклија во Свети Николе (05.05.2008)

На 02. 05. 2008 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополиотот Брегалнички г. Иларион изврши преосветување на реновираната гробјанска црква посветена на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан во Свети Николе. По преосветувањето Митрополитот г. Иларион, во сослужение на свештеници од Свети Николе, отслужи Воскресна Света Архиерејска Литургија и произнесе пригодно слово.
По Светата Архиерејска Литургија Митрополитот г. Иларион ја посети црквата во изградба посветена на Вознесението Христово во с. Горобинци, при што даде напастија за изведувањето на фрескоживописот и уредувањето на дворното место.






Известува: ѓакон Саше Ристов