Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Воскресение - трет ден во Радовиш (30.04.2008)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово - третиот ден отслужи света воскресенска литургија во храмот “Света Троица” во Радовиш, каде што теологот чтец Емил Атанасов од Пробиштип го произведе во ипоѓаконски и ракоположи во ѓаконски чин.

 

                                 

 

                                   

 

                                

 

             

 

По литургијата, Митрополитот г. Иларион, го посети домот на осумдесет и четиригодишната презвитера Веселинка Спасова од Радовиш чиј сопруг, свештеникот Драги Спасов, е убиен во 1947 година.

         

 

 

По посетата Митрополитот г. Иларион, во радовишкото село Ињево, го освети металниот Крст, донација на Стојан и Мирослава Миладинови од с. Ињево.

 

       

 

Известува: ѓакон Саше Ристов