Воскресение Христово во Штип (27.04.2008)

Биењето на камбаните пред полноќ ги повика граѓаните на Штип масовно да го прослават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – ВЕЛИГДЕН, во соборниот храм на Свети Николај, каде што богослужеше Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
На полноноќ Митрополитот Брегалнички г. Иларион од платото пред соборниот храм на Свети Николај во Штип на своите верни чеда им го честита најголемиот христијански празник со торжествениот поздрав: ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
По што се упати во храмот да отслужи Света Воскресенска Архиерејска Литургија.



Известува: ѓакон Саше Ристов