Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Цветници во Виница (20.04.2008)

На 20. 04. 2008 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион на празникот Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, отслужи Божествена Литургија во храмот на свети Архангел Михаил во Виница, во присуство на голем број верници и во сослужение на повеќе свештенослужители од Брегалничката епархија.

Пред светата архиерејска литургија Митрополитот г. Иларион изврши осветување на новиот фрескоживопис на храмот.

             

 

            

 

            

 

             

 

Известува: ѓакон Саше Ристов