Благовештение (07.04.2008)

Денес, на празникот на Светото Благовештение во црквата Свети Спас во населбата Драчево во Скопје, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија. На Литургијата во презвитерски чин беше ракоположен ѓаконот Жарко Пејковски. Присутниот верен народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.


Известува: Калина Трпеска