Јавна трибина во Штип (04.04.2008)

На 03. 04. 2008 година, во големата сала на Собранието на општина Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа јавна трибина на тема: “Православието и современите предизвици”. Во преполнетата сала поголем дел од посетителите беа од помладата генерација и поставуваа прашања на кои Митрополитот опсежно одговараше.
За крај, беше побарано вакви трибини да се одржуваат почесто, за да се задоволат потребите на луѓето, кои сами изразија задоволство што имаат можност да се сретнат со Митрополитот и да добијат одговори на своите прашања.


Известува: ѓакон Саше Ристов