Акатист во соборниот храм на свети Николај во Штип (21.03.2008)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во Втората недела од Великиот пост, на 21. 03. 2008 година, во соборниот храм “Свети Николај” во Штип, богослужеше мало повечерие со канон и акатист на Пресвета Богородица.
По акатистот, Митрополитот г. Иларион, по повод традиционалниот празник на младенците, светите Четириесет Севастиски маченици, ги благослови брачните парови, кои во текот на 2007 и 2008 година ја примија светата тајна брак, при што одржа говор и им порача на младенците да имаат достоен, благочестив и богоугоден живот и од името на нашата Света Православна Македонска Црква упати порака за достојно и многучедно продолжување на родот наш православен.


Известува: ѓакон Саше Ристов