Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Недела на Православието (19.03.2008)

На неделата на Православието - првата недела од Велигденскиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи света Василиева Литругија во Архиепископскиот соборен храм на свети Климент Охридски во Скопје. Следејќи ја долгогодишната традиција, секоја недела од Великиот пост да се одржуваат духовни академии во скопските цркви, и оваа година, во соборниот храм, започна првата од петте академии. Пригоден реферат по повод споменот на победата на Православието произнесе отец Здравко Пејковски, парохиски свештеник при црквата на свети Димитриј во Скопје. Потоа, со духовни песни и поетски творби се претставија најмладите, коишто се редовни посетители на часовите по веронаука, коишто се одржуваат во соборниот храм од страна на вероучителот Билјана Секуловска. На крајот, академијата заврши со неколку исполнувања на хорот „Свети Климент Охридски“, под диригентство на проф. Панче Јосифов.

 

   

 

 

 

 

 

 

 

   

 

Известува: проф. Ѓоко Ѓорѓевски