Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Епархиско собрание на Брегалничката епархија (18.03.2008)

На ден 18. 03. 2008 година, во седиштето на Брегалничката епархија во Штип, се одржа Епархиско Собрание со кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион.

На Епархиското собрание се разговараше за црковно-духовниот живот и материјално-финансовото работење на епархијата, по што и беа избрани нови членови на Епархискиот Управен Одбор на Брегалничката епархија, на Црковно-народен собор и Црковно-просветниот совет.

 

               

Известува: ѓакон Саше Ристов