Недела на Православието во Штип (17.03.2008)

На ден 16.03.2008 година (1-ва Недела од Великиот Пост; Недела на Православието; светите маченици Евтропиј, Клеоник, Василиск) Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештеници од Брегалничката епархија, во соборниот храм на свети Николај во Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија. Митрополитот г. Иларион во своето празнизнчно пригодно слово укажа на православно живеење на луѓето, чистотата на Православието според учењето на Светите Вселенски Собори и учењето на Светите Отци и повика на единство на луѓето, како и за прославувањето на Неделата на Православието. По тој повод Митрополитот г. Иларион заедно со свештенослужителите празнично изнесоа икони пред олтарот при што се испеја тропарот на Неделата на Православието и големо славословие во знак на победа на Православието и враќањето на светите икони во употреба.
По завршувањето на Светата Архиерејска Литургија, Митрополитот г. Иларион, во својата резиденција, приреди трпеза на љубовта.





Известува: ѓакон Саше Ристов