Проштевање во Штип (10.03.2008)

На 09. 03. 2008 година - Прочка, во преполнетиот Соборен храм “Свети Николај” во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион отслужи света божествена литургија и вечерна богослужба, по што се изврши традиционалното проштевање и верниците побараа и добија прошка од својот пастироначалник и од свештенослужителите.




