Архиерејска Литургија во Свети Николе (17.02.2008)

На ден 15. 02. 2008 година, кога Православната црква го празнува Сретението Господово, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на парохиските свештеници од Свети Николе, во црквата посветена на Светиот Николај во Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа празнична пригодна беседа.
Истиот ден, по Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион го посети “Меѓународниот Славјански Институт” и оствари средба со деканот на Институтот г. Јордан Ѓорчев и останатиот колегиум.
По остварената средба Митрополитот г. Иларион, со своите свештеници, ја освети викендичката на деканот на “Меѓународниот Славјанскиот Институт” г. Јордан Ѓорчев.



Известува: ѓакон Саше Ристов