Одржан состанок со старешините на градските цркви (03.02.2008)
При оваа прилика за овие и други теми е договорено да се одржи редовно епархиско-свештеничко собрание после велигденските празници во манастирот на свети Спиридон во Злетово. Известува: ѓакон Саше Ристов
На ден 01.02.2008 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион состанок со старешините на градските црви во Брегалничката епархија, при што беше разговарано и даде напатствија за црковно-духовниот живот; благолепието и одржувањето и заштитата на црквите и црковните објекти. Состанокот продолжи на трпезата на љубовта која Митрополитот г. Иларион ја организираше во својата резиденција.