Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Богојавление во Брегалничката епархија (20.01.2008)

На ден 19. 01. 2008 година на денот на Крштевањето на Господ Исус Христос – Богојавление – Водици, во сите храмови во Брегалничката епрхија беше свечено одбележан, а централната прослава се одржа во Соборниот храм на свети Николај во Штип каде Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештениците при соборниот храм, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодно слово, а потоа со свештениците и многубројниот верен народ, во литија, се упати кон Градскиот базен каде изврши Голем Богојавленски Водосвет и го фрли светиот крст во осветените води. Најсреќен од триесетината, крстот го фати Даниел Величковски, кого Митрополитот г. Иларион го дарува со златен крст со ланче и Свето Писмо – Библија, а Општината Штип му подари телевизор.

 

                                  

 

                                          

 

             

 

           

 

            

 

 

Известува: ѓакон Саше Ристов