Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во Сарамзалино (14.01.2008)

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на празникот на Обрезание Господово и свети Василије Велики, на 14. 01. 2008 година, отслужи Света Литургија во новоизградениот храм посветен на Успението на Пресвета Богородица во с. Сарамзалино – Свети Николе и направи Молебен по повод Новата Година.

Истиот ден Митрополитот г. Иларион, на Осоговските планини, во месноста Пониква, во манастирот посветен на Св. Василије Велики – во изградба, во присуство на донаторите и многуброен народ, го благослови и прекрши празничниот леб во чест на Св. Василије Велики.

 

       

 

                      

 

                      

 

Известува: ѓакон Саше Ристов