Известување (13.01.2008)

Македонската Православна Црква - Скопска православна епархија во соработка со Хуманитарната организација при Македонската Православна Црква "Милосрдие", со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а по повод празникот посветен на свети Василиј Велики - Василица на 14 јануари 2008 година /Стара Нова година/ ќе подели новогодишни пакетчиња во градинката во населба Драчево – Скопје во 9 часот, Домот за деца без родители "11 Октомври" – Скопје во 11 часот, "СОС Детско село" – населба М.А. Ченто – Скопје во 13 часот, училиштето за деца со посебни потреби "Партениј Зографски" – Скопје, Домот за деца со посебни потреби во Штип, како и во храмовите во Скопската православна епархија за децата кои посетуваат часови по веронаука.
Со почит и Божји благослов,
Од Канцеларијата на
Скопската православна епархија