Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во Кочани (08.01.2008)

На ден 08. 01. 2008 година, на празникот “Собор на Пресвета Богородица; св. Никодим Прилепски”, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во црквата посветена на “Св. вмч. Георгиј” во Кочани, отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, се обрати кон присутниот верен народ со пригодно слово, честитајќи им го Големиот Празник – Божик со поздравот “Мир Божји – Христос се роди!”.

 

                

 

               

 

                

 

                

Известува: ѓакон Саше Ристов