Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во Штип (30.12.2007)

На ден 30.12.2007 година, во 31-та недела по Педесетница (недела на светите Праотци), кога се празнува светиот пророк Даниил и тројцата момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип и протоереј-стврофор Димитар Крцев од Струмица а во прекрасното пеење на хорот „Св. Теофоил Срумички” од Струмица, во соборниот храм на Свети Николај во Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија и народот и свештенослужителите беа исполнети со духовна радост од убавото пеење на хорот, за што и во својата беседа Митрополитот г. Иларион и се заблагодари на хорот и на о. Димитар за големата духовна радост.

 

            

 

            

 

              

 

    

Известува: ѓакон Саше Ристов