Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Одбележан патронот на метохот на Свети Спиридон во Злетово (26.12.2007)

На 25. 12. 2007 година, беше одбележан празникот на манастирот на Свети Спиридон Чудотворец, епископ Тримитунтски, метох на Лесновскиот манастир.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на многуброен народ, а пред сè, духовни чеда на пастироначалникот на Епархијата и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи Света Литургија.

На Светата Литургија, свештеникот Влатко Мајсторски, парох Злетовски, за неговите досегашни особени заслуги, беше произведен во протоерејски чин.

Истиот ден, по претходна покана, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, го изврши чинот осветување на новоизградената спортска сала “Никола Карев” во Облешево, која е составен дел на Основното училиште “Свети Климент Охридски”.

На чинот на осветувањето присуствуваа личности од општествениот живот на Р. Македонија, меѓу кои: г. Зоран Ставрески – вицепремиер на Владата на Р. Македонија, г. Влатко Ѓорчев – пратеник во Собранието на Р. Македонија, г. Ивица Ѓорѓиевски – директор на Агенцијата за спорт и млади и други.

 

       

 

          

 

           

 

          

Известува: ѓакон Саше Ристов