Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Јубилеен концерт во соборниот храм во Скопје (21.12.2007)

Вчера, по повод 15 години на камерниот мешан хор „Свети Климент Охридски“ во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје се одржа јубилеен концерт. На концертот присуствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил.

Камерниот мешан хор „Свети Климент Охридски“ е формиран во 1992 година, а има 21 член - професионални уметници, солисти, вокални педагози и хорски уметници. Уметнички раководител и диригент на овој ансамбл е проф. Панче Јосифов. Основна дејност на овој хор е пеење на Божествена Литургија.

Но, тој има настапувано и на фестивали во Р. Македонија, како и на меѓународни фестивали во Полска, Бугарија и Италија. Во последно време овој хор работи на изведба на дешифрирани духовни композиции што датираат од 8-9 век и кои се хармонизирани од познати македонски композитори.

 

 

      

 

      

Известува: Калина Трпеска