Архиерејска Литургија во храмот на свети Георгиј во Кочани (10.12.2007)

На ден 09. 12. 2007 година, на 28-та недела по Педесетница; кога се празнуваат преподобен Алимпиј Столпник и свети великомаченик Георгиј (посен), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот на свети великомаченик Георгиј во Кочани. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово и причести многуброен православен народ.
По отслужената Света Литургија, Митрополитот заедно со свештениците и народот, изврши Литија околу храмот, по што ја освети водата и го пресече славскиот колач.





Известува: ѓакон Саше Ристов