Одбележана храмовата слава на црквата св. Архангел Михаил во Винца (22.11.2007)

На 21. 11. 2007 година, кога Православната Црква го одбележва Соборот на свети Архангел Михаил и свети Ангел Лерински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово и го благослови и прекрши празничниот леб.
Истиот ден Митрополитот г. Иларион го благослови празничниот ручек на гостите и вработените на “Мик Свети Николе”, кои свети Архангел Михаил го имаат за свој патрон и заштитник.




Известува: ѓакон Саше Ристов