Промоција на книгата „Св. Апостол Павле и Македонија“ (16.11.2007)

Денес, на Православниот Богословски факултет “Св. Климент Охридски“ во Скопје, во 13 часот, беше одржана промоција на книгата “Св. Апостол Павле и Македонија“ од проф.д-р протоѓакон Ратомир Гроздановски. Книгата ја промовираа проф. д-р Јован Белчовски и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. Промоцијата се одржа во свечената сала која го носи името на Архиепископот Доситеј, а беа присутни Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар, потоа Неговото Високопреосвештенство Митрополитот повардарски г. Агатангел, професори на Богословскиот факултет, претседателот на Комисијата за верски прашања, претставници од Исламската Верска Заедница, претставници од Римокатоличката Црква и голем број студенти, свештеници и мирјани.


Оваа извонредна книга може да се купи по сосема пристапна цена (400 ден.) на Богословскиот факултет во Скопје. Наскоро ќе се најде и на другите продажни места во градот и Републиката.
Преземено од Преминпортал