Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Архиерејска Литургија во Делчево (28.10.2007)

На ден 27. 10. 2007 година, кога Православната Црква го празнува денот на Преподобна Параскева, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештениците од делчевското архиерејско намесништво, а во присуство на многубројен народ од Делчево и пошироко, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот на Пресвета Богородица во Делчево.

На крајот од Светата Литургија, Митрополитот произнесе пригодно слово за животот и делото на преподобна Параскева.

После Светата Литургија, во канцелариите при црквата на Пресвета Богородица во Делчево, Митрополитот г. Иларион одржа редовно намесничко Собрание со свештениците од делчковското архиерејско намесништво.  

 

 

                   

 

 

 

 

                    

 

 

 

 

                    

 

 

известува: ѓакон Саше Ристов