Помен за Големиот Тоше (18.10.2007)

По повод ненадејната смрт на ангелот и амбасадорот македонски Тоше Проески, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, на ден 17. 10. 2007 година, на платото на Гимназијата “Славчо Стоименски” и во соборниот храм на св. Николај во Штип, пред многуилјаден народ, направи помен за покој на ангелската душа на македонскиот великан Тоше Проески. Поменот е направен, исто така, пред многу народ, во сите градски цркви во Брегалничката епархија.


известува: ѓакон Саше Ристов