Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветен Mеѓународниот славјански институт во Свети Николе (16.10.2007)

На 16.10.2007 година, по покана, Неговото Вископреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион изврши осветување на новата зграда на „Меѓународниот Славјански Институт” во Свети Николе и отслужи молебен по повод новата академска година. На чинот на осветувањето и молебенот присуствуваше Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија, Неговата Екселенција г. Владимир Димитриевич Солоцинскиј, ректорот на МСИ – Москва г. Ким Алексеевич Смирнов, деканот на МСИ – Москва, Филијала Македонија, доц. г. Јордан Ѓорчев, како други присутни академици, културно-просвети работници и студенти.

На крајто Митрополитот г. Иларион направи помен за покој на новопочинатиот Тоше Проески, нарекувајќи го православен македонски амабасадор на културата.

 

 

                 

 

 

 

                 

 

известува: ѓакон Саше Ристов