Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Водно, Скопје (27.09.2007)

На денот кога светата Божја Црква го празнува денот на Воздвижението на Чесниот крст, по повод пет години од изградбата на Милениумскиот крст на Водно, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан изврши Водосвет и осветување на колач по повод празникот. Многумина верници се искачија на врвот на Водно за да го отпразнуваат овој голем христијански празник, на кој вистинска смисла и значење му даде беседата изговорена од Неговот Блаженство: “Крстот е украс на Скопје, но крстот како знамение пред сѐ е пат на спасение на секој христијанин. Христос нашиот Господ, Кој пострада на крст, Е мерата според која треба секој од нас да живее“.

Архиепископот Стефан потсети за плановите дека на тоа место еден ден ќе биде изградена црква и манастирски конаци.
При кршењето на колачот, златниот крст што беше ставен наместо златна паричка, оваа година се најде во рацете на Наум Петрески.

 

          

 

                                          

 

Известува: Калина Трпеска