Крстовден во Радовиш (30.09.2007)

На ден 27. 09. 2007 година, на празникот на Воздвижението на светиот Крст, Неговото Високореосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Радовишкото и Штипското архиерејско намесништво, отсужи Света Архиерејска Литургија во храмот на светиот пророк Илија во Радовиш.
Пред почетокот на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, го изнесе Крстот насреде црква, Му се поклони, а по свештенослужителите, пристапи и многубројниот народ да се поклонува на Светиот Крст.
На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа кон присутните верници.



Известува: ѓакон Саше Ристов