Чествување на празникот Раѓање на Пресвета Богородица во Брегалничката епархија (24.09.2007)

На ден 20. 09. 2007 година во манастирот на Пресвета Богородица во Ѓуриште – Свети Николе, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, со свештениците од Свети Николе, отслужи празнична Вечерна. Манастирот беше посетен од многуилјаден народ од Свети Николе и пошироко. Пред многубројниот народ Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово честитајќи им ја храмовата слава.


Утредента на 21. 09. 2007 година на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица – Мала Богородица, во храмот посветен на нашата Мајка Богородица во штипско Ново Село, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на повеќе свештенослужители од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија, на која се обрати кон верниот православен народ со пригодна беседа за животот и делото на нНашата Мајка Пресвета Богородица. На Светата Литургија во чтец беше произведен теологот Емил Атанасов.


