Архиерејска Литургија во Штип (11.09.2007)

На ден 09.09.2007 година, 15 Недела по Педесетница кога се празнуваат преподобен Пимен Велики и свети маченик Фануриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од штипското архиерејско намесништво. На Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодно слово и се помоли за успех на учениците, бидејќи во градот Штип, на празникот на свети Фануриј, најмногу храмот е посетен од учениците заедно со своите родители. Соборниот храм на свети Николај во Штип беше претесен за да ги собере своите најмали и најмили верници.



Известува: ѓакон Саше Ристов